АЛМАКОС: ЗАЕВ МУ ГО НУДИ НА СЕЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Порталот „Алмакос“, објавува дека Зоран Заев му понудил на претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, повторно место во Владата и негов функционер да го предводи министерството за локална самоуправа. Во моментов овој ресор му е доделен на коалициониот партнер НДП, чиј претседател е Весел Мемеди, а министер е Сухејл Фазлиу. Според најавите на СДСМ, реконструкцијата на владата ќе вклучува најмалку 8 министерства и над 20 дирекции.
