ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛИ ЗАЕВ ДОГОВАРАШЕ ТЕРИТОРИЈАЛНО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА ВО ТЕТОВО?

//

Зоран Заев и СДСМ ја носат државата во пропаст.

Зоран Заев и СДСМ треба да одговорат што бараше Заев во Тетово и дали договараше територијално редефинирање на државата.

Дали Зоран Заев вети дека ќе направи целосно преуредување на уставниот поредок?

Зоран Заев ја турна државата во калта на криминал, корупција, непотизам и незаконие.

Република Македонија стагнира на секое поле. Наместо реформи Заев тера антидржавна агенда.



Државните претпријатија се користат за местење тендери, а приватниот сектор со исклучок на бизнисите на Заеви и Анѓушев пропаѓаат.

Се повеќе луѓе ја напуштаат Република Македонија. Наместо да ги врати иселените, власта го забрза процесот.

На Република Македонија и е потребна обнова. Потребна е нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе донесе напредок за државата, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

АЛМАКОС: ЗАЕВ МУ ГО НУДИ НА СЕЛА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Следна статија

СДСМ: МИЦКОСКИ ОСТАНУВА ПОСЛУШНИК НА ГРУЕВСКИ

Најново од Вести