СДСМ: МИЦКОСКИ ОСТАНУВА ПОСЛУШНИК НА ГРУЕВСКИ

//

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски останува послушник на Никола Груевски.

Нема план, нема програма, нема конкретни идеи и предлози за доброто на граѓаните или државата. Само блокади, неуспешни обиди за кочење на напредокот и лажни вести.

Додека СДСМ се менува во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на Никола Груевски, на деструкција и блокади.

Од една страна, СДСМ го слуша гласот на граѓаните и се менува за да го забрза напредокот и интеграциите, од друга страна кај ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, останува заглавена во минатотот.

СДСМ ја движи земјата напред.



За само 2 години од заробена држава до блескав пример во регионот и на дофат до остварување на врвните стратешките интереси членство во НАТО и ЕУ.

Северна Македонија продолжува напред, кон НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛИ ЗАЕВ ДОГОВАРАШЕ ТЕРИТОРИЈАЛНО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДРЖАВАТА ВО ТЕТОВО?

Следна статија

МАЖ ОСУДЕН НА 21 МЕСЕЦ ЗАТВОР ПОРАДИ СНИМКИ ОД МАСАКРОТ ВО ЏАМИИТЕ ВО НОВ ЗЕЛАНД

Најново од Вести