| |

Радев им врачи признанија на истакнати матуранти од Благоевград, Петрич, Гоце Делчев и Дупница

Четворица матуранти од југозападна Бугарија се меѓу 158-те ученици во земјата кои годинава ја добија наградата „Национална диплома“ за одличен успех во средното образование и на државните матурски испити.

Наградени се Александра Бутилова од Гоце Делчев, Надежда Дјулгерова од Петрич, Андреј Лумбев од Дупница и Елина Костадинова од Благоевград. Сите тие имаат највисоки оценки во свидетелствата за завршено средно образование и на државните матурски испити.

Признанијата им беа врачени во присуство на премиерот на Бугарија, Румен Радев, и проф. Георги В’лчев, кои им честитаа на матурантите за постигнатиот успех. Беше истакнато дека зад резултатите на секој млад човек стојат талентот и способностите, но и многу труд, истрајност, поддршка од семејството и посветеноста на наставниците.

Александра Бутилова е матурантка од Стручното училиште за механизација на земјоделството „Пејо Јаворов“ во Гоце Делчев. Таа го добила признанието на својот роденден, а образованието го продолжува на Тракискиот универзитет.

Надежда Дјулгерова завршила во гимназијата „Пејо Крачолов Јаворов“ во Петрич, додека Андреј Лумбев е матурант од Профилираната гимназија „Христо Ботев“ во Дупница.

Лумбев е единствениот добитник на „Национална диплома“ од Ќустендилската област. Од раководството на гимназијата неговиот успех го оценија како повод за гордост и посочија дека е меѓу најистакнатите матуранти во земјата.

Четвртата добитничка, Елина Димитрова Костадинова, е матурантка од Јазичната гимназија „Људмил Стојанов“ во Благоевград.

Сите наградени добија и електронски читачи за книги.

Признанието „Национална диплома“ е востановено во 1996 година и им се доделува на најистакнатите бугарски матуранти како признание за нивното знаење, постигнувања и континуиран успех во образованието.



Слични Објави