| |

ХАН: ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ СЕ ПОНАКЛОНЕТИ КОН МАКЕДОНИЈА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан во интервју за австриски „Стандард“ изјави дека земјите членки на ЕУ ѝ се понаклонети на Северна Македонија одошто на Албанија кога станува збор за доделување датум за почеток на пристапните преговори.

Хан додава дека двете земји ги исполниле критериумите што ЕУ-членките ги имаа поставено како услов, но Македонија не само што ги исполнила бараните реформи туку ги постигнала и историските договори со Грција и Бугарија. Кај Албанија, за жал, како што вели Хан во преден план се појавиле проблеми на релација власт-опозиција, кои резултирале со напуштањето на парламентот од страна на опозицијата. Владата во Албанија има проблеми да го одржи дијалогот и покрената е процедура за отповикување на Претседателот, вели Хан.

Слични Објави