ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СОЛУН БУТАРИС НЕ СЕ ПЛАШИ ДЕКА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР НЕМА ДА СЕ ПОЧИТУВА
„Не се плашам за тоа дали ќе се почитува договорот. Затоа што не може да не се почитува, потенцирам дека тоа е меѓународен договор. Прашањето е како ќе се надминат некои тешкотии што произлегоа, како што е карактеризирањето на трговските ознаки. Ова не е нешто што завршува лесно, истакна градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис во интервју за радиото „Сто кокино“, пренесува Фокус.
Солунскиот градоначалник во заминување, во интервјуто говори уште за средбите со државниот врв во Скопје во петокот, потенцирајќи дека тие минале во убава атмосфера.

