„Југословенскиот диктатор Тито лично ја предводеше физичката ликвидација на десетици илјади негови противници. Словенија и Хрватска се натопени во нивната крв. До денес, агентите на тајната полиција на Тито УДБА се на водечки позиции во овие земји. Ова го изјави во ексклузивно интервју за БГНЕС словенечкиот новинар и публицист Роман Лелјак.
56-годишниот Лелјак е меѓу најпознатите истражувачи на злосторствата на диктаторот Јосип Броз Тито. Лелјак лично учествувал во откривањето на масовната гробница во рудникот Худа Јама, каде биле убиени неколку илјади луѓе, вклучувајќи жени и деца. Некои од нив биле фрлани живи во јама длабока 46 метри.
Лелјак е автор на неколку книги, вклучувајќи ги „Худа Јама“, „Марибор – најголемата гробница за Хрватите“, „Агенти на УДБА“, како и документарниот филм: „Худа Јама – најскриената тајна на УДБА“. Лелак ги открива имињата на 65.000 агенти на УДБА во Словенија, чие население е 1,8 милиони.
Тој открива дека водечки фигури во Словенија и Хрватска, сопственици на банки, големи компании, политичари, судии и сопственици на медиуми – се поранешни агенти на југословенските тајни служби УДБА.
Во 2015 година, Лелјак пред словенечкиот парламент изјавил дека 35% од Словенците се поврзани со УДБА.