МОЖЕБИ СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА А НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ, ЕВЕ ОСУМ СИМПТОМИ КОИ УКАЖУВААТ НА КОВИД-19

/

Симптомите на Ковид-19 се разликуваат, а доколку заразениот не се тестирал тоа може да значи дека многу луѓе веќе имале корона вирус иако не им е дијагностицирана инфекција, пишува Cambridge News, пренесува ММС.мк.

Еве кои се осумте симптоми кои може да откријат дека веќе сте прележале корона вирус.

Очна инфекција: Новото истражување покажа дека инфекцијата на очите, како што е коњуктивитисот, може да биде симптом на Ковид-19.

– Познато е дека кај инфекцијата на горните дишни патишта може да се појави вирусен коњуктивитис како секундарна компликација, што е случај и со Ковид-19 вирусот. Меѓутоа, мала е веројатноста заразената личност да има само коњуктивитис, без појава на други симптоми – висока температура и упорна сува кашлица –рекле стручњаците од Колеџот на оптометристи.

Сува кашлица: Сувата кашлица е најпрепознатливиот симптом на Ковид-19 и во голема мера се разликува од обичното кашлање. Кашлањето заради Ковид-19 е постојан, упорен и без никаква причина.

Ментална магла: Иако ова официјално не се наведува како симптом, некои заразени пациенти се пријавиле дека чувствуваат ментална магла.Теа Џордан (50) рекла дека не кашлала и немала грозница. Нејзини први симптоми на вирусот биле чувство на скокоткање во грлото и тапа главоболка. После тоа почнала да чувствува „ментална магла“.

-Прво се чувствував исцрпено и немав друг избор освен да одам во кревет. Не кашлав ниту имав грозница. Но, ми се појави едно чудно чувство – како нешто да се таложи длабоко во моите бели дробови. Имави ментална магла и и не можев да се фокусирам на ништо. Дури ни да ги пополнам обрасците за во школо на децата. Само сакав да спијам- објаснила Теа.

Висока температура: Иако висината на температурата може да варира во зависност од клиничката слика на болниот, сепак, ако е поголема од 37,7 степени тоа може да укажува на инфекција од корона вирус. Можете да проверите да ли имате температура доколку градите или грбот ви се топли на допир



Тешкотии во дишењето: Ако чувствувате стегање во градите или не можете убаво да вдишите воздух, можно е да боледувате од корона вирус. Повеќето млади или оние без здравствени тегоби веројатно нема да го имаат овај симптом. Недостатокот на здив, односно диспнеја или отежнато дишење главно се појавува кај постарите, хронично болни.

Губење на чувство за мирис и вкус: Англиското здружение за оториноларингологија предупреди дека губењето на чувство за мирис и вкус може да укаже дека личноста заболела од вирусот. Специјалистите за уво, грло и нос препорачуваат дека личноста која ќе почувствува вакви симптоми веднаш да се изолира од другите луѓе.

-Влезна точка за Корона се очите, носот и грлото. Исто така идентифициравме нови симптоми како губење на мирис и вкус), луѓето кои ќе ги исгубат овие чула треба да бидат во самоизолација за да се спречи ширењето, соопштиле лекарите.

Болки во стомакот: Неодамнешното истражување во “Американскиот журнал на гастроентерологија” ги поврзува стомачните проблеми со Ковид-19. Откриле дека од 204 заразени пациенти во кинеската провинција Хубеи дури 48,5 отсто имале дијареа.

Умор: Уште еден симптом кој го пријавиле пацијентите заболени од корона е чувство на екстремен умор, а ова чувство се јавува многу пред да се појават првите симптоми на инфекција. Според извештајот во журналотна Американското лекарско здружение, дури 44 проценти од хоспитализираните пациенти со дијагноза Ковид-19 пријавило исцрпеност и умор.

Претходна статија

(ВИДЕО) KАКО ДА ОСТАНЕТЕ ФИТ ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНА ВИРУС?

Следна статија

СТЕФАН И МАРТИН ОД NEXT TIME СО ПРЕКРАСНО ВИДЕО ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ ГИ ПОЗДРАВИЈА СВОИТЕ ФАНОВИ

Најново од Магазин