|

АТЛЕТИКО ОСТАНА БЕЗ „МУНИЦИЈА“ ПРОТИВ ЛЕГАЊЕС

Иако важеше за голем фаворит, екипата на Атлетико Мадрид не успеа да дојде до трите бода на дуелот против Легањес, меч кој се одигра на „Ванда Метрополитано“ во рамки на 21. коло во Ла Лига.

Со ова реми, мадриѓани остануваат на четвртото место на табелата со 36 бода, и полека ја губат борбата за шампионската титула со Реал Мадрид и Барселона, кои имаат по 43 бода. Со оглед на тоа дека каталонците исто така кикснаа во ова коло, кралскиот тим може да биде нов лидер во Ла Лига доколку вечерва остане непоразен на гостувањето кај Ваљадолид.

Извор: Спорт1



Слични Објави