БУГАРИЈА ЧЕКОРИ ПЛАНСКИ КОН ВЛЕЗ ВО ЕВРОЗОНАТА
Бугарија како целина стои „многу добро“ на патот кон еврозоната и нејзиниот влез во 2023 година е „целосно предвидлив“, рече извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева во интервју за БНР.
Георгиева соопшти дека разговарала со претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, пред неколку дена во Давос и додаде дека според Лагард примерот на Бугарија е многу позитивен.
„Еврозоната има ресурс од 800 милијарди евра за заштита од евентуална криза или напад. Не можам да замислам конструктивно објаснување зошто е лошо за нас да имаме 800 милијарди евра во резерва“, вели Георгиева.
Таа додава дека за време на разговорите во Давос со шефицата на Европската централна банка, Кристин Лагард, добила уверување дека наскоро во ЕЦБ ќе се зборува и на бугарски.

