| |

На 22 јуни во Бугарија се одблежува Денот на бугарскиот фолклор

Бугарија го одбележува 22 јуни- Денот на бугарскиот фолклор. Празникот се одбележува по одлука на Министерството за култура од 2019 година по идеја на бугарскиот фолклорен ансамбл „Чинари“ и голем број уметници и институции. Иницијаторите го избираат денот 22 јуни затоа што е во средината на годината, за време на летната краткоденица и Енјовден – настани кои традиционално се почитувани од Бугарите.

Народна уметност или фолклорот е колективен термин за литературни и музички дела со непознат или неодреден автор. Всушност, постои коавторство во нивното усно пренесување, при што ова заедничко авторство му се припишува како целина на „народот“. Во втората половина на 20 век, во Бугарија почнал да се користи англискиот збор фолклор (од folk – народ, lore – мудрост).

Слични Објави