|

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ПОГОДЕНИТЕ И ЌЕ ЈА НАМАЛИ СИВАТА ЕКОНОМИЈА

Владата смета дека со домашната платежна картичка што ќе ја добијат дел од граѓаните, не само што ќе им помогне на оние кои имаат потреба од средства, туку ќе ги зголеми и безготовинските плаќања и ќе го намали ризикот од сивата економија.

Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека сега имаме шанса да фатиме побрз чекор во безготовинското општество, кое е дел од современиот дигитален свет.

„Безготовинско општество значи и општество со помала сива економија. Затоа домашната платежна картичка не само што ќе им помогне на оние кои им е потребно туку и ќе го забрза патот кон безготовинско плаќање и ќе влијае кон промена на навиките“, пишува на фејсбук Ангеловска.

Според неа, домашната платежна картичка ќе ја стимулира приватната потрошувачка и ќе го амортизира ударот врз економијата на краток рок, но исто така ,таа ќе има ефекти и на долг рок: поддршка на граѓаните со пониски примања и ранливите категории, поддршка за опоравување на економијата преку поттикнување на приватната потрошувачка, поддршка за домашните фирми преку купување домашни производи и услуги, поддршка во борбата против сивата економија и менување на навиките за безготовински плаќања.
„На кус рок картичката ќе им помогне на оние кои имаат потреба. На подолг рок, ќе овозможи да се зголемат безготовинските плаќања и намалување на ризикот за неформална економија. Исто така, со домашната платежна картичка, државата ќе добие еден нов инструмент, со кој ќе има можност понатаму да интервенира и во друг погоден сектор, каде што ќе се сака да се насочи приватната потрошувачка“, пишува Ангеловска.

Слични Објави