ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ОД УТРЕ ПОВТОРНО ОТВОРЕНА ЗА ПОСЕТИТЕЛИ

/

Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.

Посетителите од утре повторно ќе можат да се дружат и да уживаат со животните во Зоолошката градина во Скопје.
Зоолошка градина Скопје ќе биде отворена од утре од 9 часот, но поради ситуацијата со Ковид-19 има нов протокол за движење и придржување кон мерките.
Посетителите при влез во Зоо Скопје ќе треба да носат маска или марама, ред ќе се чека на
дистанца од 1,5 м кое е уредно обележано. Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители.
Од скопската зоолошка градина информираат дека бројот на посетители ќе биде ограничен, за во одреден момент да не се создава поголема гужва низ градината.
Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.





Претходна статија

АЛБАНИЈА ГИ ОТВОРА КОПНЕНИТЕ ГРАНИЦИ ОД 1 ЈУНИ, А ПЛАЖИТЕ ОД 10 ЈУНИ

Следна статија

АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА: ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ПОГОДЕНИТЕ И ЌЕ ЈА НАМАЛИ СИВАТА ЕКОНОМИЈА

Најново од Вести