|

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО ВЕЛИНГТОН, НОВ ЗЕЛАНД

Земјотрес со сила од 5,8 степени според Рихтер денеска е почувствуван во Нов Зеланд, во областа 100 –тина километри оддалечена од престолнината Велингтон, соопшти владиниот сервис за следење на сеизмолошките промени Геонет.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 37 километри, на 30 километри северозападно од градот Левин.

Официјалните претставници на центарот за вонредни состојби на Нов Зеланд наведуваат дека засега нема извештаји за евентуални материјални штети.

Жител на престолнината за Ројтерс изјавил дека потресот во Велингтон бил многу силен.

Слични Објави