(Видео/Фото) Фалус за Гоце

//

На 23-ти септември (среда) 2021 година, волонтери на Фондација Македонија шест часа го чистеа споменикот на Гоце Делчев во Градски парк. Денеска на 25 септември после само два дена исчистениот споменик е нагрден со машки полови органи и недолични натписи. Згрозени сме од фактот што обележјето посветено на најголемиот син на поробена Македонија и идеолог на Внатрешната Македоно-Одринска Организација, повторно беше извалкано на таков брутален начин.

Гледајќи го тоа не можеме да не искоментираме за дегутантноста на патриотските повици „стани Гоце да видиш“ итн. За жал патриотизмот ни е само за на социјалните мрежи каде на секаков низок начин го билдаме нашиот македонски идентитет со пцости, навреди и говор на омраза упатени кон Бугари, Албанци, Грци и др. На фотографијата јасно се гледа дека недоличните цртежи и реченици се направени од помлади лица. А можеби и намерно акцијата е изведена така за да изгледа дека некакви дечиња се правеле духовити. Патриотизмот почитувани ние од тимот на порталот Трибуна го разбираме на многу поразличен начин од порно-национализмот што владее во нашата земја.

Патриотизам е:

  • Да го негуваш и промовираш своето културно наследство
  • Да ги почитуваш хероите во минатото и хероите во сегашноста кои го дале својот живот или пак работат секојдневно за доброто на својата земја



Можеме да продолжиме со списокот но нема да го направиме тоа. Би сакале само да ви порачаме: Почитувани, воспитувајте си ги децата, бидејќи добрите и воспитани деца се најголемиот доказ за вашиот патриотизам. Силно се надеваме дека овој текст и овие слики ќе бидат последна таква содржина што ја објавуваме. Не заради тоа што ние имаме претензии дека го држиме приматот за патриотизам во оваа земја, туку затоа што Гоце не заслужува на својот споменик да има фалуси.
Ја повикуваме Градската Управа во најкраток можен рок да го исчисти споменикот, бидејќи тоа е нејзина обврска. Ако не го направат тоа ќе треба да чекаме да дојдат пак претставници на некоја бугарска невладина организација или пак директно Германците.

Претходна статија

Oвие пет симптоми од делта сојот се јавуваат кај луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината

Следна статија

Норвешка ги укина сите ковид мерки

Најново од Вести