(Видео) Колев: Време е Бугарите да влезат во Уставот на РС Македонија

//

„Мислам дека е време сите етнички заедници во Македонија да си го најдат местото во Уставот на РС Македонија и со тоа да им бидат гарантирани сите основни човекови права, кои се општа човечка вредност“, изјави претседателот на ГДУ Петар Колев во денешната емисија „Стадион“ на Канал 77.

Колев изјави дека очекува македонските политички партии ќе излезат во јавност со јасни позиции по прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на РС Македонија.

„Јас очекувам дека многу скоро и македонските политички партии, кои што се носечки сили во овој момент, ќе излезат со јасна позиција по тоа прашање, дека немаат ништо против и ќе работат и нашите сограѓани кои што се самоопределуваат како Бугари, да го имаат своето место во Уставот и со тоа, да им бидат загарантирани нивните човекови права “, истакна Колев.

Според Колев РС Македонија нема да изгуби ништо, ако сите нејзини граѓани вклучително и тие кои се изјаснуваат како Бугари би имале еднаков третман.



„Ако консензусот во нашето општество е факт, дека голем дел од граѓаните на РС Македонија, немаат ништо против, нивните сограѓани, кои се самоопределуваат како Бугари, да бидат третирани од македонскиот Устав и да имаат своето место, се прашувам зошто денешната политичка елита во Македонија не презема активности во таа насока. Можеби некој си мисли дека овие разговори меѓу Скопје и Софија ќе ги води под некои други правила и под други услови во кои што нема да ги вклучи и македонските Бугари? На политичарите во Скопје и во Софија треба да им биде јасно дека во овој процес македонските Бугари би можеле да бидат позитивен пример и да бидат луѓе, кои што ќе помогнат, а секој оној што ќе се обиде да ги игнорира или да не ги вклучи во овој процес ќе си ја постави главата на гилотината на политичката историја. Ако се прескокнат некои прашања, зборувам конкретно за човекови права, проблемот ќе станува се посериозен и посериозен“, дециден е Колев.

Погледнете повеќе во видеото што следи:

Претходна статија

Тетовец измамен од сограѓанин, дал 1.300 евра за парцела на Попова Шапка

Следна статија

Од утре изборна кампања

Најново од Вести