(Видео) Министерот што ги подари тенковите на Македонија во 2001 г.: РС Македонија мора да донесе голема политичка одлука ако сака отворање на патот за преговори со ЕУ од бугарска страна

//

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев, во чие време Бугарија ги подари тенковите на Република Македонија за време на конфликтот од 2001 г. изјави дека мора да биде голема политичка одлука од страна на РС Македонија за да се отвори патот на земјата за преговори со ЕУ.

„Лажна надеж е да се очекува дека ќе дојде некаква нова стабилна Влада и некаков нов парламент, што ќе ја сменат позицијата на Бугарија. Тоа нема да се случи. Односите меѓу Бугарија и РС Македонија се наоѓаат во точка, за која што е неопходно принципиелна висока политичка одлука. Истата треба да биде на полето на запирање на дебугаризацијата, признавање на правата на Бугарите таму, рамноправно со сите останати народи. Нивно вклучување во уставот, дозволата да се вклучат во политичкиот живот и фер и коректен попис. Тоа значи резултат близок до бројката што се наоѓа во нашите регистри, а таа изнесува 120 илјади луѓе“, изјави Ноев.

Дипломатот и поранешен министер за одбрана на Бугарија е дециден дека Софија треба совршено јасно да признае дека по Втората светска војна во СР Македонија се создадени македонски идентитет и јазик.

„Од бугарска страна треба да биде совршено јасно дека, ние го признаваме тоа што во годините по Втората светска војна таму се создадени македонски идентитет и македонски јазик“, вели Ноев.



Според него со мали чекори од типот РС Македонија да го тргне „бугарски“ од фашистички окупатор на спомениците нема да дадат резултат. Клучното прашање вели Ноев се човековите права и недискриминацијата на Бугарите во земјата.

„Прашањето за правата и недискриминацијата на бугарските државјани се претвори во клучно прашање. За среќа тоа прашање конечно се поставува и од бугарскиот претседател. Јас очекувам тоа прашање да биде поставено на средбата на 6 октомври, бидеќи човековите права и недискриминацијата се фундаментален принцип на ЕУ“ вели Ноев.

Неопходна е висока политичка одлука, елитите во РС Македонија не се подготвени за таа одлука. Треба да има голема принципиелна одлука, бидејќи без неа нема да има „зелено светло“ до декември и тоа треба да биде јасно“, дециден е поранешниот министер за одбрана и дипломат Бојко Ноев.

Претходна статија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието работи против интересите на граѓаните

Следна статија

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Најново од Вести

Без вода делови на Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека поради уличен дефект ф 300 мм на Бул. Македонско-косовска