|

Романскиот воен авион Ц-27 Спартан се вклучува во борбата со пожарите

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство пристигна во Македонија и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари, со што ќе дејствува во Беровскиот Регион.

Авионот е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со шест тони вода.

Се очекува да пристигне уште еден романски авион кој ќе донесе контејнери и дополнителна придружна опрема.

Поддршката Романија дојде по барањето на министерката Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука.



Слични Објави