УЧЕНИЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ОД КОЧАНИ ЛЕТУВААТ НА ХРВАТСКИОТ ОСТРОВ ПАГ

//

Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочаниго користат седумдневниот одмор во Паг, Република Хрватска. Ова е награда од Општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев за успесите постигнати во школувањето.Летувањето на хрватскиот остров Паг е резултат на повеќегодишната соработка на збратимените општини Кочани и Крижевци.

– Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е најважно за одржување на соработката, веќе трета година се реализира идејата за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква. Настојуваме овие пријателски општини да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето,во делот на развој на бизнисот на мали и средни претпријатија, образованието, културата – вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Покрај вообичаените летни активности, учениците посетуваат познати локации, културни-уметнички институции и настани. Во нивна придружба се Марија Ѓорѓиева од Општина Кочани и Дивна Јанушева, наставничка од ОУ „Раде Кратовче“.



Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6000 денари.

Претходна статија

СДСМ: МАКЕДОНИЈА МУ КАЖА ЗБОГУМ НA ЦРНОТО МИНАТО, ЧЕКОРИ КОН ЕУ И НАТО

Следна статија

ЃОКОВИЌ СО ГОЛЕМ ЗАЛЕТ ГО ЗАПОЧНА РОЏЕРС КУПОТ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да