|

ЃОКОВИЌ СО ГОЛЕМ ЗАЛЕТ ГО ЗАПОЧНА РОЏЕРС КУПОТ

Новак Ѓоковиќ триумфално започна со настапите на Роџерс купот, турнир којшто годинава се одржува во Торонто.

Во тандем со Кевин Андерсон од Јужна Африка тој успеа убедливо да триумфира над новата надеж на белиот спорт, канадскиот тандем Феликс Ожер-Алијасим и Денис Шаповалов со 6: 3, 6: 2 во првиот круг на наддавање.

Ѓоковиќ и Андерсон го прославија триумфот со заедничка фотографија, и на социјалната мрежа твитер го претставија заедничкиот прекар за тениската двојка – Ѓокерсон.

Далеку поискусни во поединечна конкуренција, Ноле и Андерсон успеаја да ја потврдат супериорноста на својата игра и за 68 минути извојуваа победа над 17-годиниот Ожер-Алијасим  кој веќе го досегна 133. место на АТП листата, односно Шоповалов кој иако е две години постар од него веќе е 26. по успех на светската тениска листа.

Во следната рунда, „Ѓокерсон“ ќе играат против третите носители, Пјер-Иго Ербер и Николас Мау, но пред тоа Новак ќе има настап во поединечна конкуренција.

Овој вторник, околу 19 часот по централно европско време, тој игра против Хјеон Чунг, „млад професор” од Јужна Кореја кој го победи Ѓоковиќ на овогодинешниот Австралија опен во три сета. Тој моментно е на 23. место на АТП листата, што е за 13 места послабо од Ѓоковиќ.

Чунг во последно време и не е особено брилијантен: излезе од третиот круг во Минхен против Александар Зверев, во првиот круг во Мадрид против Хасе, а потоа следеа уште два пораза – од Харисон во Атланта и Де Минаур во Вашингтон.

Што се однесува до Новак, ова ќе му биде прв настап во поединечна конкуренција по триумфот во финалето на Вимблдон и токму против Кевин Андерсон, кој сега му е партнер во двојки на овој натпревар.



Слични Објави