| |

СДСМ: МАКЕДОНИЈА МУ КАЖА ЗБОГУМ НA ЦРНОТО МИНАТО, ЧЕКОРИ КОН ЕУ И НАТО

Криминалното владеење цели 11 години беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши, Македонија му кажа збогум на криминалот и црното минато, сега чекори кон ЕУ и НАТО, а таму важат поинакви вредности и правила од оние на ВМРО-ДПМНЕ.

Расипничкото и криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ, кое државата ја остави опустошена и изолирана а граѓаните осиромашени, граѓаните го поразија и избраа транспарентно, домаќинско и отчетно управување.
Секоја институција сега работи одговорно и транспарентно, се постапува по законските прописи и правилата важат за сите подеднакво.

Залагањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија на криминалот покажува дека токму владеењето на правото е болката на оваа партија, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

Амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите.



Слични Објави