3 МАСКИ ЗА ЛИЦЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОРИТЕ
Дали знаевте дека меленото кафе, папајата и оцетот се само мал дел од природните производи кои ја затегнуваат кожата и ги намалуваат порите? Природата ни дава неверојатни производи кои имаат моќен антиоксидансен ефект.
Ако сакате вашата кожа да блесне и да ја минимализира големината на порите, обидете се со овие 3 маски за лице. Ако вашата кожа добро ги поднесува овие маски, можете да ги направите 1-2 пати неделно.
Маска со мед и сок од портокал
Дали знаевте дека медот е природен антибактериски агенс? Тој е богат со антиоксиданси кои помагаат да се намали воспалението на кожата како на пример акните. Покрај тоа, медот затегнува и хидрира.
Од друга страна, киселината во сокот од портокал помага при ексфолирањето на кожата.
Што ви е потребно:
– 2 лажици мед
– 2 лажици свеж сок од портокал
– 1 лажица мелена морска сол
Измешајте ги состојките и доколку е потребно, додадете повеќе мед или морска сол за да добиете мазна мешавина. Се нанесува на сува и чиста кожа и се остава да делува околу 15 минути (избегнувајте ја околината околу очите). Исплакнете добро со млака вода.
Маска со цимет, мед и алое вера
Што ви е потребно:
– 1 лажица цимет
– 1 лажица мед
– 1-2 лажичка алое вера гел
Измешајте ги сите состојки. Нанесете ја маската со бавни кружни движења на чиста и сува кожа, избегнувајќи го просторот околу очите. Оставете ја да делува 10 минути и исплакнете со млака вода.
Овие природни состојки го намалуваат воспалението на кожата, ги затегнуваат порите, ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и површинските црни точки (црнки).
Маска со мед, куркума и кокосово масло
Што ви е потребно:
1 лажичка куркума
1 лажичка мед
1 лажичка кокосово масло
Ставете ја добиената маска на исчистено лице да делува околу 20 минути (избегнувајте ја околината околу очите). Исплакнете со млака вода. Куркумата е еден од најкорисните зачини кои се применуваат на кожата за да се намали воспалението, пигментацијата, чешањето и отокот.
Благодарение на куркумата од вашата кожа се елиминираат мртвите клетки на кожата и се храни со антиоксиданси. Кокосовото масло исто така го намалува воспалението има анти-алергиски и анти-воспалителни својства без затнување на порите.

