| |

Урсула Фон Дер Лајен „помеѓу ручекот и вечерата“

Пишува: Владимир Перев

1.
Нема некое големо воодушевување од доаѓањето на Урсула фон дер Лајен во Македонија. Не се радува таа, тоа е разбирливо, но не се радуваат ниту нашите раководители, нешто кое уште повеќе е разбирливо. На сите веќе им дотегна да слушаат за “кичмата“ на Мицкоски, за неправдата кон нас македонците, каде и да сме а најмногу во Бугарија, за “суровата Европа-блудницата Вавилонска“ и слични глупости. Најмногу ни дотегна нам овде, да слушаме секојдневни празни приказни за тоа како ние сме си ги завршиле сите обврски, обврските со името со Грција, како правиме реформи и како се држиме до меѓународните договори. Секој просечен македонец знае дека тоа се лаги со опашки, дека тоа служи за заблудување на македонците и другите граѓани, служи да ја држи Македонија под власта на ДПМНЕ и на антуражот околу Мицкоски, да ги држи на патот “кон никаде“, нешто како тунелот кон Бугарија кој не води никаде…греши Мицкоски, греши многу-со тунелот работите се решени многу одамна, се знае каде води, само “неговиот“ пат кон Европа “води никаде“!

2.
Каде сме ние и кои сме ние, се прашуваат поголемиот дел од македонците, оние свесните за темната дупка во која се наоѓаме. Какви гаранции бараме од Европа дека нема да има повеќе барања кон нас, дека ќе можеме да патуваме кон Унијата без никакви пречки. Кој ли тоа го измислил, кој ли тоа го наметнал, кој е тој кој од сите нас прави идиоти. Таква работа нема, такво нешто не може да има, тоа е безобразие од невиден маштаб, тоа е целосно отсуство на здрав разум-најмногу на здрав разум на оние кои веруваат во тоа. Да не се залажуваме, тие се малку меѓу нас!

3.
Никому не му е јасно што сакал да каже Мицкоски со ремек-делото олицетворено како Преспански договор. Можно е да било иронија, но стерилноста е евидентна. Сме се откажале од македонците таму, па сега барама македонци во Бугарија, поткрепени со пресудите во Стразбур. Истовремено, не сопираат навредите кон бугарските политичари, специјално кон Екатерина Захариева, сега веќе еврокомесар. За Бугарија и бугарските политичари се говори без пардон, се говори со насилен и вулгарен речник, говор единтвено за употреба во жолтиот печат. Потоа од истите нив се бара согласност за отсатапки, за одложено ставање на бугарите во Уставот и непречен пат на земјата кон ЕУ.

4.
Мицкоски може да лаже, ама не смее да навредува. Не смее да каже дека во Македонија има “неколу стотини бугари“, а дека оние другите земале бугарски пасош “од економски причини“. Ние македонците сме народ со морал, со семејна и лична етика. Оние кои добиле бугарско државјанство и пасош, тоа го направиле свесни за минатото на нивните предци и верни на идејата за демократија во Македонија, како идна европска држава. Бесрамниците се околу него, тие не се со народот, тие бесрамни индивидуи кои говорат дека “адвокатите ги дале нивните изјави за б’лгарскија им произход“. Никој нормален во тоа не верува, не веруваат ни самите тие, ама тоа врви кај потиснатиот народ, исплашен за себе си и иднината на своите блиски.

5.
Урсула фон дер Лајен го знае сето тоа многу подобро од нас овде. Смачено ѝ е да ги слуша плачливите и лажовни гласови на нашите политичари, смачено и е да слуша барања за демократија и правда од политичари, кои го прават спротивното во земјата со која владеат. Политичари од кои половината барем се со второто, “омразено“ бугарско државјанство и со бесрамни изјави против Бугарија и македонските бугари.

6.
Ете, заради тоа, Урсула фон дер Лајен во Македонија ќе се задржи “меѓу ручекот и вечерата“…нема ниту да руча, ниту да вечера. Ќе не одмнине како да не постоиме…тоа е нејзината одмазда за сите наши лаги, безобразија и конвертитства!

Слични Објави