БАЧОВСКА: ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ ЌЕ ИМА ЛАЖНИ ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ И СПИНУВАЊА
„Лажните вести актуелно се глобален проблем, не само кај нас. Секако дека политичките случувања се главни теми и околу овие состојби: не добивањето на датум, француската политика во однос на нас, разните политички прегрупирања, новиот датум за избори, ќе има лажни вести, дезинформации и спинувања.“ – смета професорката Јасна Бачовска Недиќ, која е в.д. раководител на новинарските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Таа смета дека политичките елити треба да покажат поголем степен на општествена одговорност и демократски капацитет во смисла да се оградуваат и да не подржуваат медиуми со низок интегритет, како и континуирано информирање базирано на вистина и одговорност.
