| |

КУЗЕВСКИ: СИТЕ ПОПИШУВАЧИ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ГРАЃАНИТЕ

Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) е вклучена во подготовките за пописот на населението што треба да се одржи од 1 до 21 април, а сите попишувачи ќе поминат обука како да ги заштитат податоците на лицата што ќе ги попишуваат. Истовремено и Државниот завод за статистика, согласно обврските, презема соодветни мерки за заштита на податоците на граѓаните од евентуални злоупотреби, јавува Независен весник.

-Веќе одржавме два состаноци со Државниот завод за статистика, вчера на 15 февруари, на највисоко ниво со директорот на ДЗС и со претставници од неговиот тим. Договорен е следен состанок утре на техничко оперативно ниво во однос на совети што ние ќе ги дадеме, кои технички и организациски мерки ќе треба да ги примени ДЗС, а се во насока на обезбедување на правилна обработка на личните податоци и превенција од евентуална нивна злоупотреба. Дополнително е договорено, бидејќи согласно Законот за попис една од обврските на ДЗС е и да испорача обуки во кои, меѓу другото, во курикулумот е опфатен и сегментот на заштита на лични податоци. Од тие причини е договорено на 2 март наши претставници од Агенцијата да одржат обука на нивните обучувачи, кои понатаму ќе го споделат стекнатото знаење до сите попишувачи, изјави за МИА Игор Кузевски, заменик-директор на Агенцијата за заштита на лични податоци, пренесува Независен весник.

На утрешниот состанок, како што најави, ќе се разговара за техничките мерки што ќе треба да се применуваат во апликативните решенија за обработка на податоците при попишувањето за да се превенира евентуален ризик од некакви закани, кои би можеле да направат компромитација на системот.

Пописот во земјава треба да се спроведе од 1 до 21 април.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави