СЕ БЛИЖАТ ИЗБОРИ: ЛОЗАРИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПЛУС 2 ДЕНАРИ СУБВЕНЦИЈА ЗА КИЛОГРАМ ГРОЗЈЕ
Владата ќе дава дополнителни два денара субвенција за килограм продадено грозје на лозарите, доколку го продадат во рeгистрирани винарници. Оваа одлука се донесе на вчерашната владина седница.
Субвенцијата е двојно зголемена од лани, кога изнесуваше еден денар и се однесува се однесува и на повеќе сорти, не само за винските „вранец“ и „смедеревка“. Опфатени ќе бидат и „кратошија“, „станушина“, „бургундец црн“, „жилавка“ и „кадарка“ од реколтата 2019.
Од Министерството за земјоделство известија дека со дополнителната субвенција од два денара, се очекува да се намалат загубите на производителите на винско грозје.
