| |

ВРАБОТЕН ВО „ДУРМО ТУРС“: ВО АВТОБУСИТЕ ИМАШЕ УРЕД ЗА МАНИПУЛАЦИЈА НА БРЗИНАТА

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината за 12-13 километри на час и секој возач можел да го користи кога сака, истакна возач вработен во „Дурмо турс“ на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци.

Сведокот Филип Наумовски, осум години работел во „Дурмо турс“ како возач, а по потреба бил и кондуктер.

Наумовски тврди дека за време на возењето во трагичниот ден возачот Мануел не се пожалил за никакви здравствени или технички проблеми.

Сведокот појасни и дека доколку имале проблем со автобусот за тоа му кажувале на Ремзи Мифтари, кој кажувал кој автобус може да се вози на која релација.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.



Слични Објави