Јотова ќе го посети Босилеград по повод празникот 24 мај- Ден на бугарската просвета и култура и на славјанската книжевност
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова утре по повод 24 мај- Денот на бугарската просвета и култура и на славјанската книжевност ќе го посети Босилеград. Ова го соопшти Иван Николов, директор на КИЦ Босилеград.
Јотова ќе го посети Културно-информативниот центар, клубот на БТА во градот, гимназијата и споменикот на Васил Левски. Според програмата потпретседателката на Бугарија ќе земе учество и во торжеството по повод празникот 24 мај, што ќе се одржи во селото Извор.
„Ги покануваме граѓаните на Босилеград да дојдат пред КИЦ “Босилеград” и сите заедно да ја испочитуваме и да ја поздравиме г-ѓа Јотова“, се вели во соопштението на КИЦ “Босилеград”.

