|

ЗАПАДЕН БАЛКАН СО СТАТУС КАКО НОРВЕШКА И ИСЛАНД НАМЕСТО ВО ЕУ

Зад кулисите во Брисел во оптек е идеја како да се надминат актуелните фрустрации од ставот на Емануел Макрон кој ја спушти рампата на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан. Наместо полноправно членство во ЕУ според актуелниот предлог за компромис на шесте држави од Западниот Балкан би требало да им се понуди создавање на Европска економска зона (ЕЕА), анализира Новатв.мк.

ЕУ треба да им понуди на сите шест нации на Западен Балкан можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд. Тоа значи дека треба радикално да се реформира методологијата за проценка на напредокот, се вели во предлогот на Европската иницијатива за стабилност.

ЕЕА ги опфаќа сите клучни области што се важни за потенцијалните инвеститори. Ги утврдува европските стандарди. Испраќа силен сигнал до граѓаните дека, на крајот, ќе се надминат границите и изолацијата. ЕУ треба да ги зголеми ресурсите за Западен Балкан да го направи сето ова попривлечно. Ова, според предлогот ќе и  помогне на ЕУ да утврди влијанието во регион кој заедно има помалку од половина од БДП на Романија и е опкружен со членки на ЕУ.



Слични Објави