|

ДИМИТРОВСКА: ДРЖАВАТА ГИ ЗАБОРАВИ ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

„Следејки ги секојдневните пресови на сите Министерства ,Влада, соопштенија на политички партии,за жал лицата со попреченост никој не ги спомнува . Бидејки повеќето лица со попреченост живеат сами,државата и овој пат ги остава на маргините“ , вели за нашиот портал Бранкица Димитровска, лице со попреченост.

„Лицата со попреченост се свесни за вонредната состојба и полицискиот час ,но тргнувајки од многуте проблеми кои што ги имаат -комуницирајки мегусебно телефонски“- вели Бранкица и ги предлага следните сет мерки до Владата со цел истите да стапат на сила веднаш :

1.Дополнително да се даде на секое лице со попреченост додаток во висина од 14 500

2.Храна и лекови да им се носи дома бесплатно

3.Вработени лица со попреченост во приватни компании и заштитни друштва да се ослободат од работа преку платено отсуство

4.Исто и родители на возрасни лица со пропратни болести, како и на лица со ретки болести

5.Персонални асистенти да добијат заштитна опрема бесплатно

6.За асистентите маски ракавици и дозвола за движење и после 21ч (бидејки има корсници кои се зависни од медикаментозна терапија на временски интервали ,од тука потребата некој да им пружи помош да можат навремено да ја примат препишаната терапија)

7. Тимови на Црвен крст да се вклучат во набавката на храна ,затоа што тие не се обучени за асистенти

8.Персонал од дневни центри и негователки од градинки да асистира на лицата со попреченост и нивните семејства

9. Од здруженија имаме обучени луѓе асистенти што можат да се активират за месечен паушал од 14 500, којшто важи и за останатите граѓани

Доколку не одговорите на барањата дотолку повеќе ке покажете дека положбата на врвот ви е мизерна а на површина ке исплива и вашата бездушност и нечовечност“, завршува Бранкица Димитровска, лице со попреченост.



Слични Објави