COVID-19 И НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК
Да си ги поставиме рационално работите а не емотивно. Вирусот е појавен во Кина поради мешање на течности од две животни, мртви или живи на „wet market “. Владата на Народна Република Кина во 80- тите години носи закон за животна средина според кој „секое животно е природен ресурс“, односно храна. Овој закон бил донесен поради масовниот глад во Кина во минатото. Сѐ ова што ни се случува е поради тоа што некоја будала во Кина јадела лилјак. Строго забрането според Стар Завет. Секое животно не е храна. Хемиски-научно и религиски докажано. Имало обид да се тргне овој закон по заразата SARS која е предец на Корона Вирусот 19, но поради лобито на богатите Кинези, мнозинството од 19.1 милијарда Kинези и нивното здравје се ставени во опасност. Тоа што комунистите го прикажуваат за нас, западниот свет тоа фактички се тие. Здравјето на мнозинството е во опасност поради луксузните интереси на најбогатите кои сакат да јадат егзотични животни. Правдата им служи таму на најбогатите.
Деновиве се шират лажни вести од типот на измислен лек од Русија од страна на лице со 8 годишно образование кој бил со неговата сопруга во Русија, а истиот тој документ кој го објавува е за првите видови на корона, незнаејќи дека има десетици видови на вирусот. Преку медиумите треба да се повика чесниот македонски народ да не споделува и да не верува на вакви лажни информации од будали.
Чернобил бил изведуван во иста средина и по исти начин. Се крие и заташкува проблемот и подоцна западните држави го дознаваат. Поради тоа се проширува проблемот. И да е како што велат проблемот ,, создаден од 2 американски војници ” според кинеските власти кои шират лажни вести, зошто тогаш тие го криеле проблемот 35 дена?! Зошто го уапсиле и чувале 35 дена докторот Ли Венлијанг кој прв го забележал проблемот, му забраниле да зборува, го натерале да потпише изјава дека нема да зборува за тоа и на 36-тиот ден го убиле? Зошто три недели Кинезите лажеле дека вирусот не се пренесува од човек на човек? Ниедни донации нема да ја измијат крвта на нивните раце. Зошто кријат дека има 1.5 милиони обиди за самоубиства во последните месеци и 350 илјади самоубиства поради Корона Вирусот во Кина?
Да се навратиме на претседателот на Родезија Иан кој ни соопшти дека доколку го сменат, Кинезите ќе го поробат неговиот народ, сите го правеа будала, истото се случи по неговиот пад. Ова сценарио е исто по Чернобил. Да обрнеме внимание кого таргетира овој вирус:
- Кина – stronghold на комунизам
- Иран – stronghold на радикален Ислам
Истовремено напаѓа на овие места најчесто стари лица, мнозинството од нив се поддржувачи на овие идеологии. Поради радикалните лица како овие, ќе настрадаат невини стари и млади лица.
Бог прави чистење по примерот на Чумите во Египет (מכות מצרים) и градовите Содома и Гомора од книгата Генесис од делот на Библијата и а наречени во Коранот ,, Граѓаните на областа Лут ”. Таргетира сексисти, расисти, фашисти, нацисти, хомофоби, ксенофоби, како сакате наречете ги. Покрај овие лица ќе загинат и невини лица.
И на крајот, сега, сите сме еднакви и на плата од 14 500 или пониско. Не можат криминалните функционери да се сликаат на егзотичните места, а оние најбогатите кои стегнале имот на нечесен начин изгубија тони на богатство. Меѓу нив настрадаа и чесни бизнисмени.
Ве повикувам да ја поддржите петицијата за евтина струја во интерес на чесниот македонски народ овде.
Автор: Лаки Лучијано Петрески, инженер-технолог од областа Нови Технологии и Материјали, МБА кандидат