| |

Радев: Договорите со Бугарија и Грција да бидат вклучени во преговорната рамка за РС Македонија во ЕУ

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и РС Македонија и Преспанскиот договор меѓу Грција и РС Македонија да бидат вклучени во преговорната рамка на Скопје за влез во ЕУ, повика бугарскиот претседател Румен Радев за време на неговата средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, пренесува БГНЕС.

Двајцата државници имаат заеднички став дека европската интеграција на РС Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да биде обврзан со почитување на европските вредности и прифатените во билатералните договори ангажмани од страна на Скопје.
Радев ја подвлече важноста на улогата на Бугарија и Грција за безбедноста и стабилноста на регионот а исто така и за европската перспектива на соседите.

Мицотакис од своја страна изјави задоволство од фактот дека е првиот европски државен и владин раководител, кој доаѓа на посета во Бугарија по изборите во ноември.

„За нас политичката стабилност во пријателската и соседна земја има огромно значење“, вели Мицотакис и пренесе на бугарскиот претседател поздрави од неговата колешка Екатерини Сакеларопулу.



Слични Објави