(Фото) Утринава е нападнат објект во сопственост на секретарот на КЦ Иван Михајлов-Битола
Утринава е нападнат објект во сопственост на секретарот на КЦ Иван Михајлов од Битола. Од фотографиите што се објавени на официјалната facebook страница на Културниот центар станува јасно дека е искршено стакло на една од вратите на објектот.
Од КЦ Иван Михајлов информираат дека веќе поднесле пријава до надлежните органи во СВР Битола и дека се надеваат сторителите да бидат откриени и санкционирани во најбрз можен рок. Тие информираат уште дека случајот паралелно го пријавиле и во Генералното консулство на Република Бугарија во Битола.
„Одново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго!“, пишува во објавата на КЦ Иван Михајлов.
Во изјава за нашиот портал од Културниот центар истакнаа дека засега ќе се воздржат од повеќе коментари за настанот.
„Ќе почекаме полицијата да си заврши работата околу истрагата, засега нема да коментираме нешто повеќе околу овој немил настан. Се надеваме дека сторителите на овој вандалски акт ќе бидат откриени“, изјавија од КЦ Иван Михајлов за Трибуна.
