| |

НАПРАВЕНИ 4 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕЗИ ОД ПОЧИНАТ ДАРИТЕЛ, СЕ ПОДГОТВУВА ПРЕСАДУВАЊЕ СРЦЕ И ЦРН ДРОБ

Годинава, покрај трансплантациите од жив донор, направени се и 4 кадаверични трансплантации и 8 пациенти на дијализа добија шанса за нормален живот со бубрегот од починат донор. Планирано е оваа бројка двојно да се зголеми во 2020 година.

Паралелно, со трансплантацијата на бубрег, се прават подготовки и за трансплантација на срце и црн дроб. Тим на експерти кардиохирурзи, кардиолози и интернисти се во координација и веќе се работи на изработка и на Нацонална листа за трансплантација на срце, а паралелно со тоа и на финиширање на подготовките за практична реализација на трансплантацијата. Целта е идната година да се направи и трансплантација на црн дроб во земјава.

Планираме идната година да ја посветиме на камања на подигнување на свеста за органодонорството во Северна Македонија. Секој подарен орган е спасен живот. За нас, како Министерство ова е мотивот за работа. Сериозниот пристап, работата и ставот кој го имаме кон вакви чувствителни теми, како и досега се имератив и ќе продолжиме во таа насока, велат од Министерство за здравство.

Слични Објави