ВО БИГОРСКИ ЗА ИЛИНДЕН СЕ ПЕЕШЕ „ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СВОБОДАТА“

//

Во рамки на Илинденските чествувањата во познатиот Бигорски манастир, покрај Свечената литургија беше извршен и чинот на доксологија – moлитва за татковината.

– Во бигорскиот соборен храм на чесниот Претеча се изврши пригодниот чин на доксологија – молитва за покој на душите на пaaднатите бopци на браникот од верата и татковината наша, како и молитва за просветлување на државните власти и за запазување на нашата држава. Притоа, нашето братство ја испеа химната на македонските peволуционери, која е воедно и првата македонска химна – Изгреј зора на свободата, како и современата наша химна – Денес над Македонија, изјави отец Кирил од Бигорскиот манастир.

На крајот од свечената доксологија, архимандрит Партениј, игумен на манастирот, упати честитка по повод големиот национален празник Илинден и црковниот спомен на Светиот славен Пророк Илија и посака вечен спомен за xeроите кои на бojното поле ја полагале душата своја за ближните и за татковината.

– Заради подвизите и молитвите на нашите светии, на просветителите и преродбениците, на народните херои и великани на духот, кои многу добро знаеле што биле, за што се бopеле и за што се жртвувaaле, да стоиме и ние цврсто во слободата со која не ocлободи Христос, за да не ја изгубимee и политичката слобода, рече архимандрит Партениј.



Извор: Поглед

Претходна статија

ПРЕДЛОГ НА АЛБАНСКАТА ВЛАДА: ДРЖАВЈАНСТВА ЗА СИТЕ АЛБАНЦИ ПО РОД

Следна статија

НЕ ОДЕТЕ КАЈ КУМОВИТЕ, ЌЕ ЗАГЛАВИТЕ НА ГРАНИЦА

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да