| |

ИТАЛИЈА И ПОКРАЈ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ И` ПОМАГА НА ХРВАТСКА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

Италија е во голема криза поради коронавирусот и прима помош од многу земји вклучително и авиони со хуманитарна помош, пречекува и доктори од другиот крај на светот, но не се откажува од пружање помош на другите. Оваа земја испрати хуманитарен помош на Хрватска, која е погодена од земјотреси, пишува „Ла Стампа“.

Како што пишува италијанскиот весник, во сред медицински хаос со формирање теренски болници и постојан надѕор на улиците, италијанските вооружени сили и цивилна заштита, нашле енергија за поддршка на хрватските власти.

Возила, подвижни работилници, шатори и специјализиран персонал, се упатија вчера попладне од Палманова, под координација на коњаничка бригада. Заедно со војниците, италијанската колона која тргна кон Загреб вклучува и припадници на цивилна заштита и пожарникари.

„Целиот персонал е опремен со здравствена заштита, а пред заминување поминале секакви испитувања за да се утврди дека немаат коронавирус“, информира логистиката на војската.

Извор: Макфакс

Слични Објави