Бугарија целосно интегрирана во платежната инфраструктура на Евросистемот по воведувањето на еврото
На 1 јануари 2026 година Бугарија успешно ја заврши интеграцијата во Системот за управување со обезбедување на Евросистемот (ECMS) и доби целосен пристап до услугите на TARGET, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ). Со тоа, земјата официјално стана 21-та членка на еврозоната и го воведе еврото како своја валута.
Бугарските банки веќе можат да вршат порамнување на плаќања, хартии од вредност и сл. Бугарската народна банка стана национална централна банка на еврозоната во рамки на системите T2, TIPS и T2S, што овозможува порамнување на големи плаќања, инстант плаќања и трансакции со хартии од вредност во пари на централната банка.
Централните депозитари во Бугарија сега ги порамнуваат сите домашни хартии од вредност преку T2S, со што се олеснува прекуграничното работење на финансиските пазари.
„Бугарија сега е целосно интегрирана во инфраструктурата на Евросистемот за плаќања на големи и мали износи, порамнување на хартии од вредност и сл. Ова ќе овозможи непречени финансиски трансакции во еврозоната за граѓаните и компаниите“, наведува ЕЦБ.
Евросистемот го поздрави пристапувањето на Бугарија кон еврото и нејзината целосна интеграција во услугите на TARGET.
