Светската ѕвезда Иштар: Џелиот свет треба да дознае за „Фестивалот на розата“ во Казанлак
Светски познатата пејачка Иштар настапи во Казанлак, Бугарија на Фестивалот на розата заедно со групата The Gypsies, порачувајќи дека „целиот свет треба да дознае за Фестивалот на розата“. Таа го опиша настанот како исклучително убав и им се обрати на присутните со зборовите: „Вашите цвеќиња се прекрасни, но цветот не постои само во вазните. Ги познавам Бугарите и знам дека тој постои во вашите срца. Вие сте вистинските рози“.
За време на концертот, Иштар ги изведе своите хитови Salma Ya Salama, Comme Toi и La Vida es un Carnaval. Таа истакна дека повторно ја открила песната Last Kiss благодарение на бугарската публика, која пред повеќе од 20 години ја пеела заедно со неа во Софија.
Посебно изненадување беше изведбата на бугарската песна „Облаче ле бело“ заедно со детската вокална група „Искрица“, додека публиката стоечки ја поздрави изведбата на Horchat Hai Caliptus. И покрај силниот дожд на крајот од концертот, присутните продолжија да танцуваат и да ја даруваат пејачката со бурни аплаузи.
На крајот од настапот, Иштар доби цвеќе од градоначалничката Галина Стојанова и се заблагодари за поканата да гостува во „прекрасниот Казанлак“.
