ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ПРИЗНАА ВИНА ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ СЕЛА

//

Цео Георгиевски и Стојан Павлевски за кои Обвинителството по разгледувањето на новите докази го смени обвинителниот акт, од обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во насилство за настаните во Собранието на 27 април лани, денеска пред судот ја признаа вината по новото обвинение.

Како што пренесоа дел од медиумите Цео Георгиевски и Стојан Павлевски кажале дека се виновни и оти свесно и доброволно ја признаваат вината.

Претседателот на Судечкиот совет судијката Славица Андреевска, по признанието на вина од обвинетите, кажа дека кривичното дело за насилство поведено по измените на обвиненеито се раздвојува од постапката за другите обвинети, кои се обвинети за обид за убиство.

За кривичното дело насилство, според законот, е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.



За обид за убиство на Села, според новиот обвинителен акт, се гонат седум лица: Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов и сите тие дојдоа на денешното рочиште.

Претходна статија

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ПРЕД МВР, 80 КАДЕТИ СЕ УШТЕ НЕМААТ ПОТПИШАНО ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Следна статија

НОВА КАМПАЊА НА СВР БИТОЛА И ЗДРУЖЕНИЕ НА МОТОРЦИКЛИСТИ „ЃОРЃИ СТЕФАНОВСКИ“

Најново од Вести