НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА ВО ШТИП

//

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности кај паркинг платформата во централното градско подрачје. Со изградба на оваа платформа се обезбедуваат 50 нови паркинг места во центарот на градот. Вредноста на овој проект изнесува 7.827.733 денари со вклучено ДДВ.

„Денеска се наоѓаме во централното градско подрачје кадешто веќе неколку дена и недели во тек е изградба на новата платформа со паркинг простори во централното градско подрачје. Тоа е една од мерките којашто ја превземаме за растеретување на сообраќајниот хаос во центарот на градот. Сведоци сме дека во изминатиот период, а и денеска се поголем проблем е паркирањето во општина Штип и ние како Општина не смееме да останеме неми и да гледаме како овој проблем станува се поголем. Заради тоа превземавме чекор за најбрзото можно решение со изградба на 50 паркинг места овде во централното градско подрачје, кадешто е најпотребно”, изјави градоначалникот Бочварски.

Општина Штип прави темелни испитувања и дебата за изградба на уште една паркинг платформа кај СРЦ „Џексон” којашто дополнително ќе го олесни паркирањето на граѓаните на општина Штип.



Претходна статија

НОВА КАМПАЊА НА СВР БИТОЛА И ЗДРУЖЕНИЕ НА МОТОРЦИКЛИСТИ „ЃОРЃИ СТЕФАНОВСКИ“

Следна статија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ МОНЕТАРЕН ФОНД

Најново од Вести