„Комити“ повика на акција за чествувањето на Гоце Делчев
Навивачката група „Комити“ ќе присуствува на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев кое ќе се одржи во црквата Св. Спас-Скопје. Тие упатија повик и до јавноста, преку транспарент, а од трибините за време на ракометниот натпревар Вардар-Партизан. Освен паролата „црвено-црниот свет“, тие повикаа на акција.
„Стани Македонче потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација“, пишува на транспарентот, под кој стои и датумот на раѓање на Делчев.
Одбележувањето на денот на раѓањето на Делчев ќе биде со засилени контроли од страна на полицијата, а е оценет и како настан од висок ризик.