| |

Петиција за одземање на бугарските државјанства на Македонците кои шират омраза кон Бугарите и Бугарија

Фан страницата на фејсбук „Бугари од Македонија“ објави онлајн петиција со која се бара одземање на бугарските пасоши односно државјанства на Македонците кои шират омраза кон Бугарија.

„Ние од страницата „Бугари од Македонија“ ги повикуваме сите владини и невладини организации да се приклучат на нашата иницијатива: Повлекување на бугарското државјанство за лица кои го стекнале истото од Р.С. Македонија и денес шират омраза кон Бугарија, се вели во објавата кон петицијата.

Инаку онлајн Петицијата објавена на 29 јануари оваа година досега ја потпишале 186 лица преку интернет.

Слични Објави