НЕ ПОЧНА РАСПРАВАТА ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС
Претседателот на комисијата Артан Груби од ДУИ ја прекина седницата, на која денеска во Собранието требаше да се одржи расправата за предлог законот за попис.
Тоа се случи откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев бараше точката да се тргне од дневен ред. Како причини за своето барање Ѓорчев истакна дека законот што се предлага не е во согласност со критериумите на Евростат и ОН.
