СЕ ОБИДЕ ЛИ ПУТИН ДА ГО ОТРУЕ НАВАЛНИ?

/

Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, можеби бил отруен, изјави денеска докторката Анастасија Василиева, која го примила во болница.

Василиева, веќе неколку години е негов лекар, а изјави дека осипот на лицето на Навални би можел да биде знак на хемиско труење, објави агенцијата АП.

Таа, исто така, рече дека болничарите кои претходно известија дека се работи само за алергиска реакција кај Навални, не ги спровеле потребните тестови.

Навални од затвор, каде издржува 30-дневна казна за нелегален протест, во неделата беше пренесен во болница.



Тој беше уапсен неколку дена по големиот протест во Москва во кој полицијата уапси речиси 1.400 луѓе.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА СОВРЕМЕНА ИСТОРИЈА ВО БЕЛГРАД ТВРДИ: АКО МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГРЦИ ИМААТ ПРАВО НА АНТИЧКА ИСТОРИЈА

Следна статија

НЕ ПОЧНА РАСПРАВАТА ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС

Најново од Вести