|

ДВЕ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ ОД ШТИП ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Во Штип во рок од два дена регистрирани се три нови случаи на заразени коронавирус, од кои две се текстилни работнички во една штипска конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација поврзан со кластерот на медицинската сестра, на којашто сопругот и е таксист, а деновиве се покажа како позитивен случај, јавува Сител.

Надлежните од Центарот за јавно здравје – Штип во моментов ги правата епидемилошките анкети и бараат дали се поврзани овие случаи или станува збор за нов кластер на заразени во конфекцијата. Тие денеска до новинарите доставија и писмено соопштение во кое се вели дека поради актуелната пандемија на Коронавирус (COVID-19) и поради грижата за јавното здравје на населението, а со акцент на општините кои спаѓаат под наша надлежност, Центарот за јавно здравје – Штип, уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките кои во изминатиов период постојано се пласираат во јавноста во сите медиуми.

Епидемиолозите земале брисеви од 11 лица, од кои седум се од текстилната конфекција во која се вработени текстилните работнички. Инаку станува збор за конфекција во која се вработени околу сто работници.

Слични Објави