УКРАДЕН БЕТОН ОД СВЕЖО РЕНОВИРАНА УЛИЦА ВО КОЧАНИ

/

Полицијата утврдува кој го украл бетонот во Кочани во „Ромско маало“, кратко откако тој бил поставен улицата „Стамен Манов“, случај за кој реагираше Општина Кочани. Недостатокот на поставениот бетон го забележале жителите на улицата, кои потоа пријавиле кај надлежните служби. Од Општина Кочани веќе најавија санкционирање на сторителот.

Чинот на уништување го осуди и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој му порача на сторителот дека уништувањето на јавно добро е казниво со закон.

„И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите често се соочуваме“, вели Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.





Претходна статија

СПОРЕД ГРАЃАНИТЕ НАЈМНОГУ КОРУПЦИЈА ИМА ПРИ ВРАБОТУВАЊАТА ВО ОПШТИНИТЕ, ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И УСТАНОВИТЕ

Следна статија

ДВЕ ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЧКИ ОД ШТИП ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

Најново од Вести