ЗАЕВ: СПАСОВСКИ И ЦАРОВСКА МОЖНИ ВАРИЈАНТИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина.
Тој вели дека наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена сегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска.

