|

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ НЕМА ДА СЕ СПОГОДУВА СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Петмина, од вкупно 11 осомничени во случајот со незаконската легализација на објекти во општината Карпош, сакаат да се спогодат со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое пред два месеци им поднесе обвинение., информира Јавното обвинителство, јавува Плусинфо.

Меѓу нив не е Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на Карпош.

„По поднесување на обвинителниот акт поднесен до Основниот кривичен суд – Скопје на 30.10.2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на Обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување  на постапката за спогодување со обвинетите побара да се одложи рочиштето“, инфомира Обвинителството.

Слични Објави