МИЈАТА: ВРЕДНУВАЈТЕ ГО ТОА ШТО ГО ИМАТЕ

Верува во Дедо Мраз, ги сака сите новогодишни празници, адети, атмосфера и еуфорија. 2019-та ќе ја памети по реактивирањето на македонската музичка сцена и неколкуте хитови кои таа ги претстави пред своите фанови и публика. Позитивно откачена, секогаш насмеана, весела и една од ретките кои што ужива во она што го работи. Среќна е со своето семејство, а 2020-та ја прогласува за своја година.

Што одговори нашата позната пејачка Мијата на нашите новогодишни прашања… прочитајте во продолжение:

Музика24: Наближуваат Новогодишните и Божиќни празници, како се чувствуваш секогаш кога доаѓа овој период од годината? Дали можеби се радуваш на целата предновогодишна и празнична атмосфера и еуфорија или пак едноставно сето тоа за тебе се само обични денови кога малку повеќе се одмора, јаде и пие?

Мијата: Искрено им се радувам на празниците и на целата еуфорија. Декември е посебен месец за мене, затоа што започнува со нашата семејна слава, потоа родендени на сестра ми и син ми, прослави, и се така до дочекот на Новата година. Најмногу и се радувам на елката и на возбудата што ќерка ми ја има додека ја украсуваме. А пакетчињата… кој ли само ги измисли… (се смее).

(Целото интервју прочитајте го на www.muzika24.mk)

Слични Објави