Бугарскиот претседател Радев ќе земе учество во одбележувањето на годишните од прогонот на тракијските Бугари и Илинденско-Преображенското востание во Маџарово
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Маџарово ќе учествува на Националното поклонување на тракијските Бугари посветено на 110 години од нивниот прогон, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава, пренесува БТА. Поклонувањето ќе се одржи во 11:00 часот пред Пантеонот на паднатите Тракијци во Меморијалниот комплекс.
Во рамките на посетата на Маџарово, шефот на бугарската држава ќе ја разгледа тематската изложба подготвена од Сојузот на тракијските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт, посветена на 110-годишнината од прогонот на тракијските Бугари и 120-годишнината од Илинденско-Преображенско востание.
Националното поклонување „Ден на тракиската меморија“ го организираат Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и општина Маџарово под почесното покровителство на шефот на државата Румен Радев. Во програмата на настанот е предвидено положување венци и свежо цвеќе на спомениците на војводите Димитар Маџаров, војводата Руси Славов и капетан Петко Војвода, соопштија од Сојуз на тракиски друштва.
Во Маџарово ќе биде претставена изложба подготвена од Сојузот на тракиjските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт, посветена на 110 години од прогонот на тракијските Бугари и 120 години од Илинденско-Преображенското востание.

